„Дојавата за сообраќајката ја примивме околу 18:10 часот по што тројца пожарникари со едно возило се упати на лице место Интервенирано е со хидрауличен алат за да може да биде изваден еден од возачите кој се наоѓаше во возилото фиат пунто кој потоа го предадовме на службите на Итната медицинска помош, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.
Возачот на автомобилот фиат пунто заедно со останатите повредени се транспортирани до најблиските клинички центри,“ потврдија од Итната медицинска помош во Берово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на МВР Берово.