Цаца не сака да ја плати казната од 10.000 евра, поднесе приговор

Нина Цаца Биљановска, поранешната директорка, а сега докторка на Кожната клиника, поднесе приговор на предлогот на Обвинителството да биде казнета со 10 илјади евра за ширење на заразна болест.

Вчера закажаното судско рочиште по приговорот е одложено бидејќи нејзината одбрана чекала дополнителни докази.

Биљановска беше една од првите заразени со ковид -19. Таа на 29 февруари, по нејзиното враќање од скијање во Италија, наместо во изолација се вратила на работа и учествувала на научен симпозиум. Според тогашните владини мерки сите македонски граѓани што се враќаа од Италија требаше да останат во домашна изолација од 14 дена. Кожната клиника по нејзината зараза беше привремено затворена, неколку вработени беа позитивни, а дел во самоизолација. Министерот за здравство Венко Филипче ја разреши од директорското место, а таа по нејзиното боледување се врати на работа како доктор на клиниката.

Лекарската комора чека правосилна пресуда по што ќе одлучува дали ќе ѝ биде одземена лиценцата за работа.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе