Автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Двајца возачи на автобуси, при контрола на Граничниот премин Табановце, биле фатени дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

МВР информира дека вчера и денеска, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин – Табановце била извршена контрола на два автобуси, кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(40) од село Мојанци, Општина Арачиново, и автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.З. (37) од Тетово, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

„Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата“, соопштуваат од МВР.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе