Автобус на ЈСП се судри со две возила во Автокоманда, нема повредени

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет во скопска Автокоманда. Како што информираа од ЈСП, причинета е само материјална штета. Kако повредени се пријавени три лица кои се превезувале со автомобилите.

„Според изјавата на возачот на автобусот дадена на внатрешната контрола на ЈСП Скопје, незгодата се случила околу 15 часот во момент кога автобусот (ЛАЗ) кој сообраќал на линија 50 стоел на автобуската постојка кај Шумарски факултет, за влез/излез на патници, и во него од назад удрило едно од двете патнички возила кои учествувале во незгодата“, информираа од ЈСП.

Од ЈСП велат дека МВР работи на целосно расчистување на случајот и апелира на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот, со цел избегнување на евентуални човечки жртви и поголеми материјални штети.

Оттаму додаваат дека според извештајот на ЈСП Скопје за работењето во период јануари-јуни 2019 год, возилата на ЈСП Скопје учествувале во 73 сообраќајни незгоди, при што 50 биле по вина на патнички моторни возила.

 

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе