МВР информира

Албански државјанин ловел риба кај Радожда па скокнал од чамецот за да избега со пливање

Албански државјанин нелегално влегол во македонски води кај Радожда каде ловел риба, а откако полицијата го забележала, скокнал од чамецот и се обидел со пливање да избега. Предаден е на граничната полиција.

Во близина на караула Радожда, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско eзеро" го лишиле од слобода Ј.Б.(48) од Република Албанија поради нелегален влез во државата,, информира МВР и додава дека тој пристигнал со својот чамец и вршел нелегален риболов.

„Откако ги забележал полициските службениици, скокнал во Охридското Езеро и се обидел пливајќи да побегне, но набргу бил фатен и приведен. Притоа, полициски службеници испукале неколку куршуми во воздух како предупредување. При преглед кај него бил пронајден нож на расклопување. Тој бил предаден во Полициската станица за граничен надзор Франгово, и од инспектор од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад изречена му е забрана за влез во Република Северна Македонија", се вели во соопштението од МВР.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе