Определен му е притвор

71-годишен битолчанец заклучил дете во стан и вршел полови дејствија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик", а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ОЈО, осомничениот 71-годишник на 25 септември годинава, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете, кое го заклучил во станот.

„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, соопшти ОЈО.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе