70-годишна кумановка измамена за 1.050 евра

Д.Р.(70) од Куманово синоќа пријавила во МВР дека била измамена од едно лице за сума од 1050 евра. 

Д.Р.(70) од Куманово синоќа пријавила во МВР дека била измамена од едно лице за сума од 1050 евра. 

Според пријавеното, околу 13.00 часот ѝ се јавило машко лице кое ѝ кажало дека ќерка ѝ направила сообраќајна незгода и згазила дете, а дека само тој како очевидец можел да ја спаси ќерка ѝ да не оди во затвор, доколку му даде пари. Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека ќерка ѝ има скршена вилица и не може да зборува. Таа му поверувала и околу 16.00 часот излегла пред зградата каде што живее и му ги дала парите. Според пријавата, веднаш потоа се јавила ќерка ѝ, по што Д.Р. заклучила дека била измамена. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе