Црна статистика

584 граѓани лани починале од насилна смрт

Според статистика, во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи" со 64,7 проценти, „самоубиствата" со 29,5 проценти и „убиствата" со 5,8 проценти

584 лица лани починале од насилна смрт, што во однос на 2011 година претставува зголемување за 10,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Починатите лица од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,9 проценти. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2012 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, со 72,8 проценти.

Според статистика, во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 64,7 проценти, „самоубиствата“ со 29,5 проценти и „убиствата“ со 5,8 проценти.

Во категоријата „несреќните случаи“ на прво место се умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“ со учество од 28,9 проценти во однос на вкупната насилна смрт. На второ место се починатите во „транспортни несреќи“ со 17,3 проценти во однос на вкупно починатите од насилната смрт, а на трето место се лицата што ги загубиле животите од „други несреќи при сувоземен транспорт“ со застапеност од 12,5 проценти.
Кај категоријата „самоубиства“ на прво место се случаите кај кои што смртта настапила поради „бесење странгулација и суфокација“ со учество од 15,9 проценти, а кај категоријата „убиства“ најголемо учество се случаите од „oбид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“ со 2,6 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

 

 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе