44 возачи биле пијани, утврди сообраќајната полиција во Скопје

За време на сообраќајните контроли во Скопје вчера биле казнети 249 возачи, од кои 60 за возење повеќе од дозволената брзина, а 44 за возење под дејство на алкохол. Дури 31 возач немал возачка дозвола.

МВР соопшти дека се изречени и осум казни за користење мобилен телефон, пет за минување на црвено светло, осум за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за возач почетник...

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи“, порачуваат од МВР.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе