40-годишна скопјанка тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, информира МВР.

„Вчера околу 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.‘Јадранска  магистрала‘ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘бмв‘, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(40) од с.Волково, скопско, и патничко возило ‘нисан кашкаи‘, со косовски национални, управувано од Ф.К.(32) Косово. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила С.И., констатирани во Градската општа болница 8 Септември“, пишува во соопштението од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе