Од напишаните казни за брзо возење, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле брзина поголема и од 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 150 надвор од населено место.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 57 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.