Контрола во Гостивар

30 лица казнети поради неносење маска во јавен превоз

Полицијата откри 30 лица кои во јавен превоз немале маски на лицето како заштита од ширење на ковид-19. Тие ќе мора да платат парична глоба од 20 евра во денарска противвредност, информира СВР Тетово за контролата што била спроведена вчера од 12 до 15 часот на поширокото гостиварско подрачје.

Фото: Илустрација

„При контролата откриени и законски санкционирани биле 30 лица кои не носеле заштитни маски или друга заштита на лицето. На сите им се изготвени соодветни поднесоци по член 66-б од Законот за заштита на населението од заразни болести“, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Тој потенцира дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и ќе се преземаат законски предвидените мерки.

Легенда под Главна слика

Фото: Илустрација

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе