242 возачи возеле брзо, 40 лица возеле во Скопје без возачка дозвола

Со радарска контрола се регистрирани 242 возачи кои на улиците и патиштата низ Македонија ја пречекориле дозволената брзина, од нив 49 возеле брзо низ Скопје. Во Скопје се казнети 40 лица кои возеле без возачка дозвола, како и 18 пијани возачи.

Од казнетите за брзо возење 21 возач возел со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, притоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место.

Во Скопје пак, покрај казнетите за брзо возење, за возење без возачка дозвола и за возење во алкохолизирана состојба казнети се и 12 возачи за користење мобилен телефон, 12 возачи почетници, седум за возење на нерегистрирани возила, шест мерки за некористење сигурносен појас, а казнети се и осум мотоциклисти.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе