Малолетна кумановка загина во сообраќајка

Малолетничка која била сопатничка во возилото кое излетало од патот починала на самото место. 

Час и половина по полноќ на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во село Миладиновци и локален пат за село Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот.

На местото на незгодата починала 17 - годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе