За испорака на новиот ленд крузер на Тојота ќе се чека до четири години

Минатата година се зборуваше дека Тојота има толку многу нарачки за новиот ленд крузер што за испорака поради исклучителниот интерес ќе се чека четири години.

Сега јапонската компанија ја потврди таа информација и на јапонскиот сајт на моделот објави објаснување со извинување.

„Ви благодариме што се одлучивте за нашето возило. Ленд крузер е многу добро примен во Јапонија и низ светот, па искрено се извинуваме што ќе биде потребно доста време за испорака на вашиот примерок на ленд крузер по нарачката. Искрено се извинуваме за тоа. Ако нарачате сега, времето на испорака може да биде до четири години. Ќе дадеме сè од себе да го скратиме времето на испорака за нашите купувачи. Го цениме вашето разбирање по ова прашање“, се наведува во објаснувањето.

Во рок од само неколку месеци од претставувањето на новиот ленд крузер минатата година, Тојота веќе соопшти дека побарувачката е толкава што времето на чекање ќе биде околу една година. Сега се потврдува дека тој рок бил премногу оптимистичен и дека тогаш очигледно во равенката не го вклучиле актуелниот проблем со недостигот на полупроводници и со прекините во ланецот на снабдување во автомобилската индустрија.

Она што е најинтересно е што новиот ленд крузер засега воопшто не се нуди на половина светски пазари: во САД и Европа сè уште е во продажба досегашниот модел за разлика од Јапонија, Русија, Австралија или Блискиот Исток каде веќе неколку месеци се нуди. Имајќи го сета ова предвид, Тојота најверојатно нема да брза за секаде да ја понуди најновата генерација на својот легендарен теренец.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе