Со планот е предвидено постепено укинување на сите автомобили со мотори со внатрешно согорување, вклучувајќи ги и хибридите, и ќе продава исклучиво електрични возила до 2030.
„Транзицијата на компанијата кон тоа да стане произведувач на целосно електрични автомобили е дел од амбициозниот план кој има врска со климатските промени“, соопшти Волво.
Компанијата се труди да продолжи со доследното намалување на емисиите на јаглерод-диоксид во текот на животниот циклус на автомобилите.
Амбициозниот план за 2030 претставува забрзување на стратегијата за електрификација на компанијата Волво, водена од растот на побарувачката за нејзините електрифицирани автомобили во последните години, но и со цврсто уверување дека пазарот за автомобили со внатрешно согорување е сè помал.
Компанијата најави и дека своите целосно електрични модели ќе ги продава преку интернет.