ДС7 кабриолет

Во што се вози новиот француски претседател? (ФОТО+ВИДЕО)

Американските претседател традиционално се возат во лимузини на Кадилак или Линколн. Во повеќето други земји, главно се користат германски или британски автомобили за државнички цели, но возењето на новиот претседател на денот на неговата инаугирација во странски автомобил би било незамисливо за Французите.

 

Што да се прави кога повеќето модели на Рено, Пежо и Ситроен се премногу обични за настанот, а Бугати не доаѓа предвид од практични причини? Одговорот е ДС7 кросбек.

За инаугирацијата на новиот француски претседател Емануел Макрон, француската компанија ПСА подготви специјална верзија на моделот кој е врвот на нивната премиум понуда, специјално надградена за пригодата.

Претседателскиот ДС7 е обоен во специјална мастило-сина боја, со ентериер од црна кожа, со државните симболи и знаме, и златни детали на тркалата и во кабината. Најуникатниот детал на овој ДС7 е покривот – државната лимузина има покрив на отварање кој го трансформира кросоверот во параден автомобил за топлата на Шанзелизе да може да го види новиот шеф на нивната држава.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе