Поголем од хамер Х1

Тојота мегакрузер е јапонски офроуд диносаурус од 90-тите (ФОТО+ВИДЕО)

Поминаа 25 години откако светот се запозна со јапонскиот теренец со фантастично име – мегакрузер, одговорот на Тојота на хамер Х1.

 

Иако бројката не е официјална, Тојота наводно произвела само 151 примерок од мегакрузерот за цивилите, а само 12 од нив се со волан од левата страна.

Исто како и хамерот, тојота мегакрузер бил развиен како возило за сите терени за воени цели – цивилната верзија се продавала само во Јапонија и тоа по нарачка. Неколкуте „обични“ примероци биле рачно правени меѓу 1995 и 2002, а биле дополнително оданочувани, главно поради големината на возилото.

Всушност, мегакрузерот е дури поголем и од хамерот. Јапонското офроуд чудовиште е 40 сантиметри подолго и 18 сантиметри повисоко од американската грдосија. И покрај огромноста, ентериерот е во најмала рака компромис, главно поради тоа што погонските компоненти се „навлезени“ во кабината за што поголема одвоеност од подлогата.

Моќта доаѓа од робустниот 4,1-литарски четирицилиндерски турбодизелаш кој дава 152 коњски сили. четирибрзински автоматски менувач ја испраќа силата до сите четири тркала.

Како што може да претпоставите, мегакрузерот доаѓа целосно опремен за офроуд доминација – специјални оски, независна амортизација напред и назад, три блокирачки диференција и управување со задните тркала за помал радиус на вртење.

Може да се каже дека тојота мегакрузер е вистински еднорог... всушност масивен и дебел еднорог, па не очекувајте лесно да го најдете на продажба. Меѓутоа, ако сте решени да го имате, има еден што се продава во Казахстан за 110.000 долари. И ќе треба сами да си го довезете.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе