Тојота јарис е автомобил на годината во Европа

Јарисот на Тојота е прогласен за автомобил на 2021 година во Европа. Градскиот модел на Тојота е прогласен за победник на церемонијата одржана во Женева, во предвечерието на неделата кога требаше да биде одржан Меѓународниот автомобилски саем во Женева. Втора последователна година саемот е откажан поради пандемијата на коронавирусот.

Јарис, хибрид од бензински и електричен мотор, доби 266 поени победувајќи ги останатите шест финалисти.

На второто место е фиат 500 електрик, со 240 поени, па следи кросоверот купра форментор на третото место со 239. Фолксваген ИД.3 (со 224 поени), шкода октавија (199 поени), ленд ровер дифендер (164 поени) и ситроен Ц4 (143 поени) беа останатите финалисти. Ова е втор пат јарис да ја освојува престижната награда – првата генерација на јарисот беше именуван за автомобил на годината во 2000.

„Ова е голема чест за Тојота и би сакал да му се заблагодарам на жирито за номинацијата и наградата. Ова е најдобриот јарис досега, и како што беше планот на Акио Тојода, веќе предизвикува насмевки на лицата на нашите муштерии“, изјави Мет Харисон, извршниот потпретседател на Тојота Европа.

Автомобил на годината е независна организација поддржана од девет автомобилски публикации од девет европски земји. Наградата ја доделува жири од 59 новинари од 22 земји.

Наградата Автомобил на годината се доделува од 1964 година, кога победник беше ровер 2000.

Минатата година наградата ја доби пежо 208, а во 2019 јагуар ај-пејс во тесна трка со алпина А110.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе