БМВ 2800 ГТС

Стариот италијански мајстор Фруа да ви каже како треба да изгледаат „бубрезите“ на БМВ (ФОТО+ВИДЕО)

Сите произведувачи на автомобили ги апдејтираат своите дизајнерски филозофии за да тие да останат свежи и современи. Понекогаш, меѓутоа, компаниите одбираат контроверзни стилски насоки кои не резултираат со поубави модели и наместо тоа новите изгледаат полошо од постарите. Ете го БМВ како пример.

 

Има навистина убави автомобили и во актуелната понуда на германската компанија, особено серија 8 и М2. Меѓутоа, има и модели како икс7 и актуелната серија 7, кај кои доминираат „бубрезите“ на предната решетка до толку што изгледаат спремни да голтаат мали деца.

Во минатото, славните „бубрези“ на БМВ без минимални во споредба со сегашните, како што покажува моделот БМВ 2800 ГТС.

Автомобилот е дизајниран од славниот италијански каросерист Пјетро Фруа и е базиран на Е9. Само неколку примероци од овој модел биле произведени, а овој од фотографиите неодамна бил реставриран од БМВ груп класик. Не само што елегантната и едноставна каросерија засрамува голем број модерни модели на БМВ, 2800 ГТС има и мали хромирани „бубрези“ кои се само дел од предната решетка на актуелниот икс7.

Конкретниот 2800 ГТС оригинално ја имаал истата зелена боја како на фотографиите, но во 1980-тите бил обоен во црвена боја. БМВ музејот го купил автомобилот во 2000 и тој бил реставриран меѓу 2017 и 2019 година.

Не само што изгледа прекрасно, сигурно вреди и поприлична сума пари.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе