Сталиновата лимузина, вредна 2,8 милиони долари, украдена во Москва (ФОТО)

Стар автомобил ЗИС-115 – тешка блиндирана лимузина со која бил превезуван советскиот диктатор Јосиф Сталин – е украдена во Москва. Вредноста на украденото возило е проценета на околу 2,8 милиони долари.

Инцидентот се случил синоќа во северниот дел на руската престолнина. Вредното возило, кое се чувало во гаража, било украдено од шест луѓе кои провалиле и го украле вредниот автомобил со шлеп-камион.

И тоа не обичен шлеп-камион, бидејќи лимузината тежи вџашувачки 4,2 тони. Автомобилот има тежок околоп кој може да издржи куршуми со голем калибар од далечина од 25 метри (вклучувајќи и удари во прозорците), како и експлозија на граната на долниот дел.

Не е јасно зошто реткото возило било чувано во обична (и не премногу чиувана) гаража, бидејќи само 56 примероци од овој тип се произведени од 1949 до 1955 година. Автомобилот е базиран врз обичниот модел ЗИС-110, а инженерите добро се потрудиле дизајнерски да ги раздвојат двете возила.

Лимузината ЗИС-110 била произведувана во многу поголем број – над 2.000 примероци во сите верзии. Покрај тоа што била користена за превоз на советските државни функционери, се користела и како такси-возило за долги дестинации.

Иако за кражбата јавија речиси сите руски медиуми, сѐ уште нема официјална информација.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе