Некаде помеѓу е меган Р26.Р од 2008 година, а примерокот на фотографиите се продава на сајтот за аукции Колектинг карс, а аукцијата завршува утре, на 4 март.
Не го знаете Р26.Р? Замислете спортски хечбек кој мисли дека е порше 911 ГТ3 и тука некаде сте.
Основа му е веќе спортскиот меган Р26 и инженерите на Реноспорт ги фрлиле задните седишта, ги замениле страничните прозорци со пластични, а хаубата со поклопец направен од карбонски влакна. Издувот од титаниум, лепливите гуми и спортските појаси биле опција.
Промените отстраниле 123 килограми тежина што резултира со само 1.230 килограми на целиот автомобил. Што значи дека иако не се чекпало во 2,0-литарскиот турбобензинец со 227 коњски сили, Р26.Р е побрз за 0,5 секунди од стандардниот Р (6,5 секунди) во спринт од 0-100 км/ч.
Но силата на Р26.Р е во свиоците, особено тие на Нирбургринг нордшлајфе. Времето од 8 минути и 17 секунди за еден круг околу патеката значеше дека меганот е најбрз сериски автомобил со погон на предните тркала, и Рено лепеше налепници на задното странично стакло за сите да го знаат тоа.
Со прва регистрација од 2009 година и со поминати само 77.560 километри од тогаш, овој автомобил имал три сопственици. Добил и неколку дополнителни надградби, како Милтек издув, рачка за шалтање со краток од и поголеми дискови на сопирачките, како и награден централен компјутер за да се добијат неколку коњски сили (не е јасно колку).
Цената на аукцијата е стигната до речиси 20 илјади фунти, а најверојатно уште ќе се зголемува додека да заврши наддавањето.