Потсетник на славното минато

Спектакуларна изложба на Ситроен во САД (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Враќањето на пазарот на Соединетите Американски Држави француската компанија го почна со репрезентативна изложба на најславните модели од својата историја.

 

Групацијата ПСА официјално најави дека наскоро ќе ги понуди своите автомобили на еден од најголемите светски пазари – американскиот.

За да ги потсети тамошните вљубеници во автомобилите на својата богата историја, Ситроен во соработка со музејот Малин аутомотив во Калифорнија организира изложба на класичните модели на марката кои во своето време уживале светска слава.

Меѓу изложените автомобили се култните „спачек“, „ајкула“ и „ами“, сосе нивните многубројни верзии, но и голем број други модели на Ситроен од првата половина на 20 век.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе