Во живо е уште поинтересен

Сосема новиот Ц4 на Ситроен пристигна во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во салонот на Автонова, или Ситроен Македонија, пристигна новата генерација на Ц4, играчот во компактната класа на француската марка.

 

За разлика од претходно, новиот Ц4 повеќе нема „обична“ верзија, и изгледа како еволуција на моделот Ц4 кактус, на што немаме ништо против.

Новиот дизајн на Ц4 нè бендиса уште на првите официјални фотографии што ги објави Ситроен, конкретно поради враќањето на карактеристичниот француски невообичаен дизајн, наспроти обидите за „германизирање“ на моделите пред некое време.

Новиот Ц4 е хечбек што сака да биде кросовер, или кросовер што глуми хечбек, но ненаметливо, а пред сè е оригинален и модерен. Што може да сугерира враќање на Ситроен на пионерскиот пристап во автомобилската индустрија.

Изгледот е погоден, простор има во изобилство, опрема исто така. Кога седнувате на возачкото седиште, веднаш знаете дека станува збор за сериозен автомобил, со сите модерни „играчки“ и со француски шмек.

Останува уште да ги дознаеме цените и да го повозиме, за приказната на новиот Ц4 да биде целосна.

Вака на прва, секоја чест за Ситроен.

 

Петар Пејовиќ

Фото: Роберт Атанасовски

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе