Ситроен го претстави новиот Ц5 еркрос, сосе иновативна хидраулична амортизација (ФОТО+ВИДЕО)

Ситроен официјално го претстави својот нов главен играч на пазарот на кросовери Ц5 еркрос (Citroen C5 Aircross), кој дебитира на автомобилскиот саем во Шангај.

 

Инспириран од концептот Еркрос (Aircross) од 2015, претставува клучен момент во маркетинг стратегијата на Ситроен, бидејќи е првиот модел со новата иновативна амортизација со „прогресивни хидраулични перничиња“.

Според компанијата, новата суспензија овозможува „уникатно мазно и удобно возење кое е типично за Ситроен“, а се тврди дека Ц5 еркрос предводи во својата класа според просторот за патници, благодарение на едно од најголемите меѓуоскини растојанија во сегментот и паметно смислената инструмент-табла.

Понудата на мотори на почетокот ќе биде составена од два бензински со 165 и 200 коњски сили за кинескиот пазар, и двата во комбинација со шестбрзински автоматски менувач. Ситроен најави и електрична хибрид верзија со погон на сите четири тркала, со комбинација од мотор со 200 коњски сили и два електромотори за вкупна моќност од 300 коњски сили, што ќе го направи најмоќниот сериски ситроен во историјата.

Новиот ситроен Ц5 еркрос ќе почне да се продава на кинескиот пазар во октомври, а француската компанија најави дека Европа ќе мора да причека до втората половина на 2018 година.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе