Еволуција на брзината

Сите генерации на порше 911 турбо на една патека (ВИДЕО)

Откако Порше го воведе исфорсираното напојување со гориво во 911 во 1975 година, 911 турбо стана синоним за воодушевувачките перформанси. Од оригиналниот модел 930 сè до актуелниот 992, 911 турбо секогаш нудел брзина брз жртвување на секојдневната употребливост која доаѓаше со помалку моќните верзии.

Во видеото, сите генерации на 911 турбо се спротивставени во трка во права линија.

1 генерација: 930 турбо

Оригиналниот 911 турбо, возен од поранешниот Ф1 возач Марк Вебер. Беше произведуван од 1975 до 1989 и имаше 3,0-литарски турбо шестцилиндерски боксер мотор со 260 коњски сили. Од 0-100 км/ч стигнува за 5,4 секунди и достигнува максимална брзина од 250 км/ч.

2 генерација: 964 турбо

Зад воланот на 964 турбо е фабричкиот возач на Порше Дирк Вернер. Моделот се произведуваше од 1990 до 1994 со 3,3-литарски турбо шестцилиндерски боксер мотор со 320 коњски сили. За спринт од 0-100 км/ч му се доволни 5 секунди со максимална брзина од 273 км/ч.

3 генерација: 933 турбо

Поранешниот возач на Ле Ман и Формула Е Нил Јани го вози 993 турбо. 993 е првиот 911 турбо со два турбополначи, како и последниот со воздушно ладење. Остана во производство од 1995 до 1998 и неговиот 3,6-литарски мотор дава 408 коњски сили, доволно за спринт од 0-100 км/ч за 4,5 секунди и за максимална брзина од 290 км/ч.

4 генерација: 996 турбо

Дизајнот на 996 турбо, како и фактот што е првиот 911 со водено ладење, вознемири голем број обожаватели на Порше, поточно пуристите. Произведуван од 1999 до 2005, под хаубата има 3,6-литарски твинтурбо шестцилиндерски боксер мотор со 420 коњски сили. Од 0-100 км/ч стигнува за 4,2 секунди со максимална брзина од 310 км/ч. Во тестот зад неговиот волан е поранешниот Порше суперкуп и Карера куп шампион Ерл Бамбер.

5 генерација: 997 турбо

Поранешниот Карера куп шампион Томас Преининг е зад воланот на 997 турбо. 997 го подобри дизајнот на претходната контроверзна генерација и ги отфрли предните светла познати како „јајце на око“. 997 турбо се произведуваше од 2006 до 2012 со 3,8-литарски мотор со две турбини и 500 коњски сили. Од 0 до 100 км/ч му се потребни 3,4 секунди со максимална брзина од 312 км/ч.

6 генерација: 991 турбо

Со фабричкиот возач Мет Кембел зад воланот, ова е 991 турбо. Се произведуваше од 2012 до 2019 со 3,8-литарски твинтурбо шестцилиндерски боксер мотор со 540 коњски сили. Од 0-100 км/ч стигнува за 3,0 секунди со максимална брзина од 315 км/ч.

7 генерација: 992 турбо

На крај, го имаме 992 возен од Олаф Мантли, првиот шампион на Порше карера купот. 992 турбо е актуелната генерација на 911, има 3,8-литарски твинтурбо боксер мотор со шест цилиндри и 580 коњски сили. Од 0-100 км/ч стигнува за 2,8 секунди со максимална брзина од 320 км/ч.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе