Што купуваа Европејците во 2019: голф доминира, октавија сѐ поблиску до врвот

Германскиот автомобилски гигант има дури три модели во петте најпродавани на европскиот континент, додека честа на Јапонците повторно ја брани нисан кашкаи.

Фолксваген голф ја продолжи доминацијата на европскиот пазар и во 2019 година, покажуваат резултатите од продажбата за 11 месеци кои ги објави сајтот Фокус2мув. На второто место е рено клио, а на 3 и 4 уште два фолксвагени – поло и тигуан.

Листата на првите пет ја заокружува шкода октавија, додека од 6 до 10 место се нисан кашкаи, форд фокус, форд фиеста, опел корса и ситроен Ц3.

За разлика од некои други листи на најпродавани автомобили во Европа, оваа опфаќа најголем број земји, дури 44, од Португалија на крајниот запад, државите на истокот на Европа, како Русија, Украина и Турција.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе