Што ќе се случи со голф 9

Електрификацијата, кризата, Еуро 7 нормата. Има многу прашања кои „висат над главата“ на следната генерација на најпопуларниот хечбек во Европа.

Не е тајна дека осмата генерација на голфот на Фолксваген нема ни одблиску толку добра продажба како претходникот. Причини има многу, од проблемите со софтверот на почетокот на кариерата, преку кризата со полупроводниците и коронавирусот, па сè до напливот на кросовер моделите.

Значи, сигурно е дека ни управата на Фолксваген не е задоволна од продажбата на „осумката“, но факт е дека пред овој модел има многу предизвици. Новите гласини кои доаѓаат од Германија упатуваат дека во Волфсбург веќе одамна се размислува на темата голф 9.

И покрај проблемите голфот и минатата година беше најпродаван автомобил во Европа, со над 312.000 регистрации. Интересно е што речиси 134.000 завршиле во Германија, што доволно кажува колкав столб на продажбата на тој автомобил е токму домашниот пазар.

Оваа година, нема шанси голфот да надмине повеќе од 300.000 регистрации на Стариот континент, што ќе претставува уште поголем притисок врз овој хечбек. Во септември германскиот првенец имал помалку од 18.000 регистрации, далеку од минатогодишните резултати. Според актуелните планови на Фолксваген, новата генерација на голф која ќе ја замени „осумката“ треба да пристигне на пазарот во 2026 година.

Но, тоа ќе биде нова итерација само во прес-соопштенијата преполни со маркетиншки флоскули. Гласините од Германија велат дека Фолксваген всушност повеќе нема намера да вложува големи пари во развојот на следниот голф.

Ќе го примени рецептот од неодамнешното минато кога шестата генерација на голфот ја наследи петтата. Тоа всушност повеќе може да се нарече длабинска рестилизација на еден модел, отколку сосема нов автомобил. Истото се очекува да се случи и со „осумката“ и „деветката“.

Значи, мала промена на изгледот, иста платформа и поинаква понуда на мотори. Најверојатно следниот голф ќе има само плагин хибридни погони. Новото издание на ваквите приклучни хибриди на Фолксваген пристигнува во 2023 година и ќе има радиус од 100 километри во возење на струја.

Доколку се следи животниот циклус од седум години, тогаш голф 9 ќе замине од пазарот во 2033 година. Бидејќи Европската комисија предложи забрана на продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година, и ако со тоа се сложат земјите членки на ЕУ, тогаш е сосема извесно дека десетта генерација на голфот нема да видиме. Некои ќе се радуваат, а некои ќе плачат, особено поради фактот што ќе го замени некој електричен модел, верзија на возилата од ИД семејството.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе