За да одговори на тоа прашање, Абимелек дизајн направи одлична монтажа на класична Г-класа која не е дериват од воени теренец, туку од старт би бил замислен како кросовер за богати купувачи со акцент на луксузот. Резултатот е многу интересен.
Целосната форма на замислената Г-класа од 1969 е слична на вистинската благодарение на коцкестиот облик кој стана безвременски. Меѓутоа, предната маска на геландевагенот е инспирирана од мерцедес бенц 600 гросер, со голема хромирана решетка и вертикални фарови со хромирани рамки. Браниците се исто така хромирани.
И неколку други детали се преземени од возилата од крајот на 1960-тите – хромираните надворешни ретровизори и рачки на вратите, а тркалата се преземени од мерцедес бенц 280.
Штета што не можеме да знаеме каков би бил за возење луксузниот теренец на Мерцедес од 1960-тите...