Техно класика 2017

Шкода се гордее со својата историја пред Фолксваген (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Чешката компанија на саемот на класични автомобили Техно класика 2017 изложува две легенди од своето минато.

 

Иако производната експлозија и глобалната експанција на моделите на Шкода се случија во последните неколку децении, под влегувањето под капата на Фолксваген, компанијата често истакнува дека е еден од најстарите произведувачи во автомобилската индустрија со историја долга 122 години.

Дека компанијата од Млада Болеслав во своето богато минато имала со што да се гордее, сведочат двата модели кои ѝ се претставени на публиката на саемот на класични автомобили Техно класика во Есен, кој се одржува од 5 до 9 април.

На манифестацијата боите на чешката марка ги бранат шкода 130 РС од 1970-тите и предвоениот прототип 935 од 1935 година.

Шкода 130 РС (Skoda 130 RS), или „источноевропското порше“, како што беше познат моделот на Запад, беше претставен во 1975 година. тоа беше првиот модел на Шкода со ознаката РС.

Својот квалитет во трките го докажа во 1977 кога триумфираше на славното рели Монте Карло во класата до 1,3 литри. Четири години подоцна, 130 РС победи и на Европскиот шампионат на патнички автомобили.

Купето со погон на задните тркала имаше 1,3-литарски бензински мотор со 140 коњски сили (103 киловати), благодарение на кој можеше да достигне брзина од дури 220 км/ч.

Шкода 130 РС се произведуваше сѐ до 1981 година. Требаше да минат речиси две децении пред Шкода повторно да им се врати на РС моделите кога во 2000 година беше претставена октавија РС.

Вториот значаен модел од историјата на Шкода, кој може да го видат посетителите на самот во Есен, е четири децении постариот, елегантниот 935 динамик (Skoda 935 Dymanic). Овој автомобил со дизајнот бил пред своето веме, а премиерата ја имал на автомобилскиот саем во Прага во 1935.

Станува збор за првиот модел на Шкода на кој конструкторите им обрнале поголемо внимание на аеродинамичните карактеристики, што го одредило и неговиот необичен изглед.

Во Есен е изложен единствениот зачуван прототип, кој Шкода го обновила во својот оддел за реставрација на класични автомобили.

Шкода 935 имала водено ладен „боксер“ мотор поставен пред задната оска на возилото, па така овој автомобил бил со централно поставен агрегат. Четирицилиндерскиот 2,0-литарски мотор произведувал 55 коњски сили (40 киловати), а силата се пренесувала на предните тркала со помош на полуавтоматски менувач со 4 степени.

Благодарение на аеродинамичната каросерија и релативно малата маса за тоа време (1.170 килограми) шкода 935 можела да развие 140 км/ч. Инженерите на Шкода користеле комбинација од алуминиум и челик во конструкцијата на моделот.

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе