Шкода џојстер – еден од најдобрите концепти на Чесите кој никогаш не влезе во производство (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Голем број концептни автомобили никогаш не стигнуваат до производните ленти, што во некои случаи е вистинска штета бидејќи станува збор за авангардни возила кои носат освежување во автомобилската индустрија.

 

Еден од нив е шкода џојстер, кој го привлече вниманието на јавноста на саемот на автомобили во Париз во 2006 година.

Автомобилот претставува комбинација од купе и хечбек, а имаше атрактивен дизајн и модерни содржини, па и повеќе од деценија подоцна сѐ уште изгледа свежо.

Создаден по вкусот на младата, динамична популација, џојстерот беше обоено во светло жолта боја, а Шкода уште на претставување соопшти дека не планира негова сериска верзија, туку дека идејата била да се прикаже нивната визија на мал автомобил на иднината.

Освен тоа, користен е како платформа за развој на некои компоненти и решенија за идните сериски модели на Шкода.

Џојстерот има спортски изглед, а се приметуваат некои детали од подоцнежните сериски шкоди, како визуелно скриениот А столб.

Во кабината исто така има идни решенија на сериските модели, како нов дизајн на воланот, централен екран, но и дигитална инструмент табла.

Интересно е и модуларното решение во багажникот – клупа на склопување која може да се извлече и користи, на пример, на излети.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе