Со него се тркал Емерсон Фитипалди

Се продава поршето 911 на Пабло Ескобар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Уникатното порше 911 карера 3.0 РСР би можело да биде продадено за сума поголема од милион долари на претстојна онлајн аукција.

 

Специјалниот 911 првично се натпреварувал на Интернационалната трка на шампиони (ИРОЦ) во 1974 година, кога со него управувал двојниот Инди и Формула 1 шампион Емерсон Фитипалди.

Набрзо потоа, оваа машина му била продадена на Роџер Пенске и истата година завршила во гаражата на тркачите Џон Тунстал и Чарли Кемп.

Меѓу 1074 и 1978 година овие двајца се тркале со овој автомобил на Лајм рок парк, Таладега, Роуд Атланта, Мид Охајо, Роуд Америка и Мид Америка. Поршето се појавило и на трките на издржливост 24 часа Дејтона и 12 часа Себринг.

Уникатниот 911 карера 3.0 РСР потоа му бил продаден на кралот на кокаинот Пабло Ескобар, кој му додал каросериски делови од 935 серијата и се тркал на бројни настани во Колумбија.

Аукциската куќа Колектинг карс потврди дека моделот е вратен во САД по смртта на Ескобар, дека неговата каросерија е вратена во оригиналната состојба и дека надворешноста е иста како во ерата на Фитипалди.

Автомобилот бил темелно реставриран меѓу 2007 и 2010 година и од тогаш бил изложуван на бројни настани и освоил многу награди.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе