Руски УАЗ најави електрични автомобили (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Рускиот произведувач на автомобили Улјановски автомобилски завод (УАЗ) одлучи да електрифицира некои свои модели.

 

На компанијата која нема искуство во производството на електрични автомобили ѝ била потребна помош од партнер од Чешка. Наскоро УАЗ ќе потпише нов договор со чешката компанија МВ моторс со кој ќе добие пристап до нејзината технологија.

Планот е автомобилите да се извезуваат во странство, а засега нема информации каква е перспективата на овие модели и која ќе биде цената.

Марката МВ моторс стана позната во 2018 година кога го претставија електричното купе „лука ЕВ“ во стилот на 1950-тите. Соработката со УАЗ беше официјално објавена во февруари 2020 година. Честите на база на моделот хантер направија електричен теренец и го нарекоа МВМ спратан.

Предвидено е автомобилот да биде ориентиран на европскиот, пред сè на британскиот пазар. На крајот на јули МВ моторс го додаде спартан на својот сајт и објави почетна цена од 39.900 евра.

Засега се направени само два прототипи, од кои едниот се наоѓа во Русија и учествуваше на прославата на 80-годишнината на компанијата УАЗ.

Моделот ја задржа оригиналната каросерија и погонот на сите четири тркала со понизок степен на пренос, но наместо мотор со внатрешно согорување доби електромотор со 120 киловати и 600 њутнметри.

Моторот се состои од 28 батерии од 150 ампери по час (62,16 киловати по час), за еден час може да се наполни 80 отсто од батеријата, со која може да се минат 180 километри, иако е најавено дека може максимално да се минат 245 километри.

Максималната брзина на МВ спартан е 130 км/ч.

Производството на мали серии на електрични автомобили во Чешка ќе почне во февруари 2022 година.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе