Работници на Форд открија како компанијата измамила милиони муштерии

Работници на американскиот гигант Форд мотор компани открија како нивната компанија измамила милиони купувачи.

Форд неодамна беше обвинет дека свесно продавал автомобили со проблематичен менувач.

„Ја знаевме нивната тајна, но молчевме и ништо не направивме околу тоа“, потврдија седум работници на Форд кои работеле на развојот на моделите фиеста и фокус.

И покрај бројните критики, Форд продолжил да ги продава автомобилите со својот шестбрзински ДЦТ менувач иако во комапнијата биле свесни дека проблемите не се решени.

Неспорно е утврдено дека ДПС-6 со софтвер од 2011 може да откаже и автомобилот да изгуби сла при движење со голема брзина на автопат.

„Рацете ни се валкани. Се чувствуваме грозно“, изјави еден од инженерите, кој сакаше да остане анонимен, а кој играл клучна улога во склопувањето и проверката на спорните автомобили.

Кога го прашале дали компанијата ги игнорирала предупредувањата на своите експерти на неисправноста на менувачите, вработен во Форд потврдил дека „возилата биле исправни кога ги донеле на тестирање, но дека за време на пробното возење и по неколку илјади минати километри биле свесни дека нешто не е во ред“.

„Ни беше кажано: „Ништо не проверувајте!“. Добивме чудни наредби. Потоа, ако поставевте прашања, ве обвинуваа за бунт. Некои колеги дури и се обидоа да ја поправат грешката, но безуспешно, а на повеќето рацете им беа врзани. Сепак, свесни бевме дека таквите менувачи ќе предизвикаат механичка катастрофа“.

Во јули 2018 порота во Лос Анџелес му додели отштета од 554.000 долари на сопственик кој го обвини Форд дека „на измама му продале фокус со менувачот ДПС-6, и покрај тоа што знаеле дека не може да се поправи“.

Со други зборови, дека Форд мотор компани го измамила купувачот.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе