ВАЗ-Порше 2103

Проектот на Лада и Порше кој никогаш е заживеа (ФОТО)

Низ историјата Порше помогнал во развојот на голем број модели на други произведувачи пред самиот да стане ексклузивен произведувач како што е денес. Партнерствата во развојот на модели со компании како Опел, Ауди, Рено, Сеат или Мерцедес-бенц не се необични, но големо внимание привлекла соработката со руска Лада во 1976 година кога бил создаден реткиот и единствен прототип ВАЗ-Порше 2103.

Произведен е само еден примерок кој советските власти подоцна ќе го отфрлат, но и покрај тоа оваа лада дизајнирана во Порше е чуден автомобил кој го надминува кој било концепт на возило на кој Порше некогаш работел. Инаку сопственикот на марката Лада, рускиот произведувач АвтоВАЗ е формиран во 1966 година по склучувањето на договорот со Фиат за производство на лиценцна верзија на нивниот модел 124.

Првиот модел беше ВАЗ 2101 познат како „жигули“, а во 1970 година во производство влегува и карванската верзија ВАЗ 2102. Моделот набрзо стана најпродаваниот автомобил во Советскиот Сојуз, популарен во земјите од Источниот блок, па ВАЗ кој моделот го извезуваше под марката Лада, лансира и нов модел ВАЗ 2103, заснован на фиат 124 специјал.

Виктор Полјаков, тогашниот директор на АвтоВАЗ со Ернст Фурман, тогашниот претседател на Порше, во 1975 потпишал тригодишен договор за соработка со кој АвтоВАЗ ѝ платил половина милион германски марки на германската компанија за да ѝ помогне на Лада во развојот на нов модел. Во Порше прототипот го нарекле ВАЗ-Порше 2103 кој бил замислен како унапредена верзија на моделот 2103.

Задржана е шасијата на Фиат и конфигурацијата со мотор напред и погон позади, а инженерите на Порше додале низа подобрувања. Амортизацијата била подобрена за подобра стабилност при високи брзини, а ставена е и подобра изолација на кабината. Додаден е нов помодерен кокпит со нови инструменти, управувач како тој на порше 928, и нови контроли за ладење и греење.

Моторот бил преработен за да вози и на ниско октански бензин, а додадени се и некои алуминиумски компоненти за да се заштеди на тежина, бидејќи во споредба со оригиналниот фиат 124 специјал, ВАЗ 2103 имал 100 килограми повеќе. Визуелно биле отстранети сите хромирани детали, а каросеријата добила нова помодерна пластична предна маска и браници. Под хаубата Порше не направил никакви измени: останал 1,4-литарскиот мотор со 75 коњски сили, кој бил најсилниот во стандардната понуда.

Кога Порше на Русите им го преставил концептниот ВАЗ-Порше 2103, предложил и можност за вградување свој мотор, но било предоцна. АвтоВАЗ го отфрлил проектот бидејќи го прифатиле сопствениот, паралелно развиван модел ВАЗ 2106 кој бил завршен само неколку месеци подоцна.

Тој еден прототип на Лада-Порше денес се наоѓа во приватната колекција на поранешен работник на Порше. Меѓутоа, тука не сопрела соработката на Порше и Лада на развојот на возила. Германците на Русите им помогнале во унапредувањето на моделот нива, и на развојот на самара. Порше ѝ помагал на Лада и во мотоспортот – лада самара Т3 Париз-Дакар настапи со погонот 4х4 на Порше од моделот 959 и 3,6 литарски боксер мотор од 911.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе