Некое време таа беше влезната врата во поседувањето модел на Мерцедес, кон што многумина тежнееја. Сега, со повеќето А и Б модели, Ц-класата повеќе не е влезен производ. Меѓутоа, останува еден од столбовите на стратегијата на Мерцедес, заедно со Е-класата и С-класата.
Новиот седан на С-класата носи видливи измени на филозофијата на моделот. Прифатен е концептот на „даунсајзинг“, односно намалување, со исфрлањето на сите шестцилиндерски и V8 мотори. За првпат, Ц-класата ќе има електрифицирани четирицилиндерски мотори.
Надворешниот дизајн е прилично конвенционален, но внатрешниот дизајн е под силно влијание од С-класата, но сепак со неколку детали кои го прават уникатен. Новата Ц-класа ќе може да се купи и како карван.
Новата Ц-класа е поголема на речиси секој начин. Меѓуоскиното растојание порасна за 2,54 сантиметри, давајќи им 2 сантиметри повеќе простор за нозете на патниците на задната клупа. Просторот за главата на задните седишта е поголем за 2 сантиметри, а на широчината за тие на предните седишта ѝ се додадени 2,54 сантиметри.
Новата Ц-класа е долга 468 сантиметри, широка 186 сантиметри и висока 174,7 сантиметри. За 6,35 сантиметри е подолга од моделот во заминување и е за 1 сантиметар поширока. Единствената мерка во која новата генерација е помала од претходната е висината, за 1 сантиметар.
За почеток, под хаубата ќе може да се бира меѓу три бензинци и два дизелаши.
Основниот бензинец е 1,5-литарски Ц180 со 170 коњски сили и вртежен момент од 250 њутнметри.
Благодарение на електрификацијата, со помош на функцијата „буст“, на возачот накратко му се на располагање уште 20 коњски сили и 200 њутнметри. Ова е инаку карактеристика на сите мотори на новата Ц-класа. Ц180 забрзува од 0-100 км/ч за 8,6 секунди, а максималната брзина е 231 км/ч.
Следи бензинецот Ц200 со иста зафатнина кој дава 204 коњски сили и 300 њутнметри. Забрзувањето до „стотка“ се скратува на 7,3 секунди, а максималната брзина е 246 км/ч. Овој модел е достапен и во верзијата 4матик со погон на сите тркала.
Врвот на понудата на бензинските мотори е Ц300. Овој 2,0-литарски мотор дава 258 коњски сили со вртежен момент од 400 њутнметри. Забрзувањето до 100 км/ч го постигнува за 6 секунди, а максималната брзина е 250 км/ч.
Мерцедес сè уште не се откажува од дизелите, на купувачите им нуди две верзии на дволитарскиот мотор. Послабиот Ц220д има 200 коњски сили и 440 њутнметри и до 100 км/ч стигнува за 7,3 секунди. Максималната брзина е 245 км/ч.
Посилниот, Ц300д дава 265 коњски сили и 550 њутнметри. Од 0 до 100 км/ч стигнува за 5,7 секунди пред да го достигне ограничувањето од 250 км/ч.
Без оглед на изборот на мотор, силата се пренесува на тркалата преку унапредениот 9Г-троник автоматски менувач.
Мерцедес најави дека подоцна ќе понуди и плагин-хибрид верзии кои ќе имаат електричен мотор, а ќе можат да минат до 100 километри само на струја.
Новата Ц-класа на Мерцедес ќе се појави во салоните во текот на годината, кога ќе бидат познати и цените.