Порше тајкан турбо С е најбрзиот електричен автомобил на Нирбургринг (ВИДЕО)

Порше во минатото уриваше многу рекорди на патеката Нирбургринг нордшлајфе со своите модели, а најновото достигнување е резултат на тајкан турбо С, кој извози круг со време 7:33.3 со што стана најбрзиот сериски електричен автомобил.

За воланот беше возачот на развојниот оддел на Порше Ларс Керн.

Тој успеа да го надмине досегашниот рекорд на тесла модел С плејд од 2021 година за 2 секунди. Моделот на тесла во 2019 година ја симна од тронот претходната верзија на тајкан турбо С.

„Одушевени сме што рекордот на Нирбургринг за електрични возила повторно е во рацете на Порше. Ова време не покажува само колкав е потенцијалот на нашиот нов пакет за високи перформанси, туку уште еднаш ги потврдува спортските гени на тајкан“, изјави Кевин Гик, претседател на одделот за моделот тајкан.

Со исклучок на неопходниот заштитен кафез и тркачките седишта, тајканот рекордер бил идентичен на стандардното сериско возило, вклучувајќи ги погонот и тежината.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе