Целта на Порше со 965 била да направи автомобил кој според перформансите ќе се постави меѓу 930 турбо и 959. Бил замислен да има некои од напредните технологии на 959 но да биде многу поевтин, односно подостапен за купувачите на Порше. Моделот требало да почне да се произведува во 1990, под ознаката 969.
Како што се открива во видеото, Порше направиле 16 прототипи од 965 за време на неговиот развој од кои останал само еден. Тој се наоѓа во Порше музејот и има неколку каросериски панели од 959 како и технологија, вклучувајќи го напредниот погон на сите тркала и системот за нивелирање на амортизацијата.
Она што овој прототип го прави уште поинтересен е фактот што нема мал мотор со воздушно ладење како што би се очекувало. Наместо тоа има голем V8 ладен со вода преземен од Ауди. Моторот бил користен за овој прототип за тестирање и крајната цел била Порше да развие сопствен V8 со водено ладење. Што значи дека 965 ќе бил првиот модел заснован на 911 со водено ладен мотор.
За жал, проектот бил укинат во 1988 од страна на тогашниот директор на Порше Улрих Без поради преголемите трошоци.