Порше Македонија

Порше ја збогатува понудата на тајкан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со новиот тајкан, Порше ја лансира четвртата варијанта на својот прв целосно електричен спортски автомобил, овој пат со погон само на задните тркала и две варијанти на големина на батерија. Со стандардната батерија, новиот модел на почетно ниво испорачува 408 коњски сили. Во режим на „овербуст“ со контрола на стартување, моќноста се зголемува до 476 коњски сили. Со опцијата „перформанс батери плус“со зголемен досег на батеријата, моќноста изнесува 326 коњски сили, додека во режимот „овербуст“, моќноста се зголемува до 380 коњски сили.

 

Новиот тајкан

Како и кај останатите варијанти, опционалната опрема вклучува хедап дисплеј во боја и полнач за во автомобил со капацитет за полнење до 22 киловати. Со опцијата „функции на побарување“, возачите на Taycan можат да купат разни дополнителни функции за погодност или помош. Оваа функција е достапна по испораката на возилото, како и за оригиналната конфигурација на спортскиот автомобил. Активирање преку интернет значи дека не е потребно да се посети Порше сервис. Во моментов, ова е можно за функциите „интелиџент рејнџ менаџер“, „поуер стиринг плус“, „актив лејн кипинг асист“и „инодрајв“.

Избор од две батерии

Стандардната еднослојна батерија се карактеризира со бруто-капацитет од 79,2 киловат часови. Опционалната двослојна батерија има капацитет од 93,4 киловат часови. Опсегот, во согласност со ВЛТП циклусот, е до 431 или до 484 километри, соодветно.тајкан забрзува до 100 км/ч за 5,4 секунди и со двете верзии на батерија. Неговата максимална брзина е исто така 230 км на час и во двете конфигурации, додека максималниот капацитет на полнење е до 225 киловати со основната батерија или до 270 киловати (со перформанс батери плус). Ова значи дека и двете батерии можат да се полнат од пет до 80 проценти за 22,5 минути и дека напојувањето за уште 100 километри се постигнува по само пет минути.

Иновативен електричен мотор и динамички перформанси

Импресивно забрзување, моќност карактеристична за спортските автомобили и извонредно континуирано забрзување – новиот основен модел на тајкан ги има и овие уникатни карактеристики. Постојано „возбудениот“ синхрон мотор на задната оска има активна должина од 130 милиметри и затоа е со иста должина со оној што е вграден во тајкан 4С. Инверторот контролиран со пулс на задната оска работи до 600 ампери. Покрај трајно „возбудениот“ синхрон мотор на задната оска, погонската архитектура вклучува и двостепен менувач. Исто како и кај останатите модели, најзначајни карактеристики вклучуваат интелигентно управување со полнењето, како и врвна аеродинамика. Со воздушен отпор од 0,22, аеродинамиката на тајкан дава значителен придонес во малата потрошувачка на енергија и големиот досег на батеријата. Максималната моќност на обновување на електрична енергија изнесува 265 киловати.

Надворешен дизајн со вистинска ДНК на Порше

Со својот чист дизајн, тајкан сигнализира почеток на нова ера. Во исто време, тој ја задржува непогрешливата ДНК на дизајнот на Порше. Од предната страна, електричниот спортски автомобил изгледа особено низок и широк, со многу профилирани елементи. Неговата силуета е обликувана според неговата спортска линија на покривот што се спушта надолу кон задниот дел, додека карактеристични се и многуте истакнати странични делови. Елегантната кабина, впечатливо вовлечените задни столбови и изразените задни крила резултираат во остро нагласен заден дел, типичен за Порше. Овие карактеристики се надополнети со иновативни елементи како што е натписот од стакло за логото на Порше во задната светлосна лента. Карактеристичните одлики на тајкан вклучуваат аеродинамички оптимизирани 19-инчни фелни тајкан аеро и црни анодизирани клешти на сопирачките. Деталите во предниот дел, страничните прагови и задниот дифузер во црна боја се исти како оние на тајкан 4С.

Уникатен дизајн на внатрешноста

Кокпитот на тајкан означи почеток на нова ера со својата јасна структура и целосно нова архитектура. Самостојниот заоблен склоп на инструменти ја формира највисоката точка на контролната табла. Ова го става во јасен фокус на возачот. Другите елементи вклучуваат централен 10,9-инчен инфозабавен систем и дополнителен дисплеј пред совозачот. Стандардно, тајкан доаѓа со делумно кожен ентериер, како и предни комфорни седишта со електрично прилагодување во осум насоки. Автомобилот се одликува со два оддели за багаж: 84 литри напред, и до 407 литри одзади. Тајкан е исто така првиот модел на Порше достапен со внатрешност без кожа. Ентериерите направени од иновативни рециклирани материјали го истакнуваат концептот за одржливост на електричниот спортски автомобил.

Централно вмрежен систем на шасијата

Порше користи централен, мрежно контролен систем за шасијата на тајкан. Интегрираната контрола на шасијата на Порше 4Д ги анализира и синхронизира сите системи на шасијата во реално време. Стандардната суспензија на тајкан, како и опционалната адаптивна воздушна суспензија со три комори се надополнети со електронскиот систем за контрола на суспензијата ПАСМ (Порше актив саспеншн менаџмент). Адаптивната воздушна суспензија е опремена и со функција „смартлифт“. Ова му овозможува на тајкан да се адаптира на подлогата на возење со тоа што автоматски се подигнува возилото кога патот го наложува тоа, како на пример при преминување преку лежечки полицајци. Функцијата „смартлифт“ исто така може активно да влијае на висината на возилото при патувања на автопат и може да ја прилагоди висината на возењето на возилото за најдобар можен компромис помеѓу ефикасноста и удобноста при возење.

Опсег на тајкан

Тајкан стандардно е опремен со шест клипни алуминиумски моноблок сопирачки со фиксни клешти напред и четири клипни алуминиумски моноблок сопирачки со фиксирани клешти одзади. Внатрешно вентилирачките дискови на сопирачките имаат дијаметар од 360 мм напред и 358 мм одзади. Клештите на сопирачките имаат црна елоксирана боја. Дополнителна опција се сопирачките со високи перформанси. Нивните дискови имаат дијаметар од 410 мм напред и 365 мм назад.

Успешна година за тајкан

Порше успешно ја започна визијата за електрична иднина, испорачувајќи повеќе од 20.000 примероци на тајкан на клиенти ширум светот во 2020 година. Електричниот спортски автомобил веќе има добиено околу 50 меѓународни награди, пред сè на главните пазари во Германија, САД, Британија и Кина. Новиот тајкан со погон на задните тркала го постави новиот Гинисов рекорд за најдолго дрифтање со електричен автомобил од точно 42,171 километри.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе