Аутомобиле СК

Подновеното типо во новата верзија крос пристигна во Македонија

Гамата на популарното типо на Фиат, кое досега го знаевме како хечбек, седан и карван, е проширена со новото типо крос, кросовер верзија на популарниот хечбек.

EPA-EFE

Понудата на типо е подновена со комплетно освежување – нов  дизајн, технологија на највисоко ниво и нови еколошки мотори, со подобрени перформанси. Новата гама на типо доаѓа со две нивоа на опременост: „типо” и „сити лајф”, кои се на располагање со трите познати варијанти на каросеријата. Новото типо крос е достапно со едно ниво на опрема „крос”, порачуваат од Аутомобиле СК.

Новото типо е комплетно подновено и држи чекор со конкуренцијата. На новата предница се појавува редизајнирана маска на која се наоѓа и новото лого на Фиат, со букви испишано FIAT, значаен и силен став. Типо е првиот автомобил на Фиат кој го доби ваквото лого, после новиот фиат 500.

Предните фарови се комплетно редизајнирани. И предните и задните фарови сега се со целосна ЛЕД технологија: со тоа се зголемува како активната, така и пасивната безбедност – благодарение на поголемата видливост, со нив се истакнуваат не само линиите на автомобилот, туку му даваат и посовремен изглед и истовремено го прават автомобилот поодржлив до најмалиот детаљ, ја намалуваат потрошувачката на електричната енергија во возилото – а, со тоа и емисијата на јаглерод диоксид.

Од страните, на нискиот дел на автомобилот, се надоврзуваат новите тркала од лесна легура од 16 или 17 инчи co нови дизајни.

Однатре, амбиентот е потполно нов. Седиштата се во штофови со ексклузивни дизајни. Дигиталниот команден дел со екран на допир од 7 инчи може да се конфигурира според потребите и ја заменува стандардната аналогна инструмент табла. Исклучително технолошки и софистициран изглед кој овозможува целосна контрола над возилото во текот на возењето. На екранот одлично се надоврзува најновиот систем за радио јуконект 5 co екран на допир од 10,25 инчи (како опција).

Воланот, сега е покомпактен и обликуван за да биде со подобра ергономија, а исто така, овозможува и совршена видливост на инструмент-таблата со екран на допир од 7 инчи. Посебно внимание е посветено и на централната контролна табла каде што се преработени командите за клима-уредот, каде се додадени хромирани и црни детали.

Новата гама на типо е на располагање и во две нови нијанси: сина и портокалова.

Новото типо може да биде опремено со дизел мотор 1,6 мултиџет, со 120 коњски сили, 1,3 мултиџет со 95 коњски сили или пак co новиот бензински мотор ГСЕ 1,0 T3 со 100 коњски сили и бензискиот мотор 1,4 со 95 коњски сили.

Повеќе инфо тука.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе