Со помодерен изглед од претходникот, кросоверот доби ново „лице“ кое е радикално различно во однос на моделот во заминување.
Промените се веднаш забележливи со помалата и помодерна предна решетка на Ц5 еркрос, која е осветлена и од далеку изгледа како ЛЕД лента поврзана со новите фарови. Тука е и подновениот знак на Ситроен и поделените дневни светла.
Има и нов поспортски преден браник со поистакнати отвори за воздух и нова пластична заштита.
Во внатрешноста, возачите ќе се израдуваат на подновениот кокпит кој е инспириран од тој на Ц5 икс. Највпечатливата промена е новиот информативно-забавен систем со 10-инчен екран. Тука се и потенките централни отвори на вентилацијата и новите „напреден комфор“ седишта со опција за греење и масажа.
Подновениот Ц5 еркрос треба да пристигне во салоните ова лето со познатата понуда на бензински, дизел и хибридни мотори. Хибридот ќе го има бензинскиот мотор со 180 коњски сили и електро мотор со батерија од 13,2 киловат часови. Ова дава комбинирана моќност од 225 коњски сили и опсег на струја од 55 километри.