Заснован врз обичната 405-ка, која беше претставена во 1987 година, 405 Т16 беше претставен во 1993, наследувајќи го 205 турбо 16 кој, во тркачка изведба, го освои светскиот рели шампионат во Групата Б двапати, во 1985 и 1986, и Парис-Дакар во 1987 и 1988.
И 405 има тркачко педигре, со две победи во 1989 и 1990 на релито Парис- Дакар, и две на ридско-брзинскиот Пајкс пик во 1988 и 1989, а во 1988 постави и нов светски рекорд.
Стилизиран од Пининфарина, спортската верзија на 405 беше прилично резервирана, без широки отвори за тркалата и други клучни дизајнерски елементи од 205 Т16. Сепак, имаше 16-инчни тркала наместо сериските 15-инчни, нови прагови, преден и заден браник и поаеродинамичен спојлер од 405 Ми16, како и систем за чистење на фаровите.
Специјалниот хомологациски модел беше произведен во 1.046 примероци со 2,0-литарски мотор кој даваше 196 коњски сили, па сè до 220 КС со „овербуст“ (повисока работа на турбината од вообичаената, која трае од 10 до 20 секунди). Имаше и погон на сите четири тркала, со 53 отсто од силата на предната и 47 отсто на задната оска.
Забрзувањето од 0 до 100 км/ч траеше 7 секунди, а максималната брзина 235 км/ч.