29 модели ќе се натпреваруваат за наградата

Објавени кандидатите за Европски автомобил на годината

Откриени се кандидатите кои ќе се натпреваруваат за Европски автомобил на годината.

29 модели овој пат ќе се натпреваруваат за честа и сите се нови возила, кои или веќе се продаваат или ќе се продаваат до крајот на годината на најмалку пет европски пазари.

Кандидатите се прилично разновидни, со мејнстрим модели како ситроен Ц4, дачија сандеро и фиат 500. Во игра се и форд експлорер и форд куга, а кандидати се и хонда е и хонда џез.

За Хјундаи во игра се и10, и 20 и новиот тусон. Меѓутоа, тие ќе треба да се впуштат во борба со ривали како купра форментор, киа соренто, мазда МХ-30, пежо 2008, сеат леон или шкода октавија. Во изборот се и мираи и јарис на Тојота, како и голфот и ИД.3 на Фолксваген.

Овие модели ќе треба да се спротивстават на премиум кандидатите како ауди А3, ленд ровер дифендер и полстар 2. БМВ се натпреварува со два кадидати – серија 2гран купе и серија 4, но Мерцедес има двојно повеќе – ГЛА, ГЛБ, ГЛС и С-класата.

Ова е импресивна листа на возила, која набрзо ќе биде скратена. Скратената листа на седум номинирани ќе биде објавена на 8 јануари, пред да биде крунисан победникот на 1 март.

Ова е целосната листа на номинирани автомобили:

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе