Премиера

Новиот тајкан крос туризмо е електричниот кросовер на Порше (ФОТО+ВИДЕО)

Порше го разоткри новиот тајкан крос туризмо, и воопшто не изненадува тоа што офроуд верзијата на електричниот седан е речиси идентична со одличниот концепт мишн Е крос туризмо од 2018 година.

 

Иако е поскап од обичниот седан, новата верзија на тајканот има екстра опрема која треба да се земе предвид. А во неа влегуваат погонот на сите тркала, кој не го добивате во основниот тајкан, поголема батерија од 93,4 киловат часови, која исто така не ја добивате во основниот седан, туку се доплаќа. А тука се и нагодливата воздушна амортизација и панорамскиот покрив.

Но она што може да привлече голем број купувачи, и главната предност на Порше во споредба со тесла модел С и е-трон ГТ на Ауди, е дополнителната практичност на кросовер верзијата.

Подолгиот и порамен покрив дава повеќе простор за сите патници, особено за тие на задните седишта, а се добива и поголем багажник.

А практичноста продолжува и од аспект на тоа каде сè можете да го однесете багажот, не само колку собира. Крос туризмо е 20 милиметри повисок од седанот, и може да се крене дополнителни 10 милиметри со вклучување на модусот за чакал. Ако тоа сè уште не е доволно, офроуд дизајн пакетот додава уште 20 милиметри воздух меѓу долниот дел на автомобилот и подлогата.

Над стандардниот 4 крос туризмо следуваат 4С, турбо и турбоС. Сите имаат два електромотори и погон на сите тркала. На основниот модел му се потребни 4,9 секунди за спринт од 0-100 км/ч, а на турбоС 2,8 секунди (тајкан седан од 0 до 100 км/ч стугнува за 2,7 секунди).

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе