Новиот москвич е кинески кросовер со руска значка (ФОТО+ВИДЕО)

Во Москва повторно почна производството на марката Москвич, и тоа во фабрика чиј поранешен сопственик е Рено, кој ја напушти Русија по инвазијата на Украина.

 

Првиот автомобил кој се симна од фабричките ленти е москвич 3. Неговото производство официјално го почнаа градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин и рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.

Продажбата на новиот москвич почнува во јануари 2023 година, а од март овој автомобил ќе им биде достапен на купувачите во Русија.

Повеќе детали за овој автомобил, кој всушност е модел на кинескиот произведувач ЈАЦ, со значка на Москвич, ќе бидат познати наскоро.

Мантуров истакна дека производството на електрични автомобили, кое ќе почне во 2025 година, ќе стане приоритет на фабриката.

Се очекува компанијата да обезбеди работа за околу 40 илјади луѓе.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе