Со 635 коњски сили

Новиот М5 ЦС на БМВ се појави порано од очекуваното (ФОТО+ВИДЕО)

Официјалното претставување на БМВ М5 ЦС беше најавено за крајот на јануари, па се очекуваше претходно да протече некоја информација или фотографија.

 

Протечените фотографии од новата, пожестока М „петка“ се појавија на Инстаграм претходно денес и на нив се гледаат бакарните детали и жолтите светла инспирирани од мотоспортот.

На крајот на минатата година Маркус Флаш, шефот на М дивизијата на БМВ, најави дека побруталниот М5 со 635 коњски сили ќе изгуби 70 килограми за подобри перформанси. Ќе ги добие и карбонските седишта од М4 и други спортски додатоци.

M5 ЦС има околу 26 коњски сили повеќе од „обичната“ М5 и околу 10 повеќе од М5 компетишн. Моќта доаѓа од познатиот твинтурбо 4,4-литарски V8 на БМВ кој е очигледно пуштен на најјако.

Се очекуваат погон на сите тркала како стандард, спортскиот осумбрзински автоматски менувач на БМВ и специјален диференцијал кој овозможува дрифтање.

БМВ вети дека ќе ги објави сите детали за возилото пред крајот на јануари, што значи дека не им останува многу време. Се очекува продажбата да почне годинава.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе