Новиот фолксваген Т-рок пристигна во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во салонот на Фолксваген во Скопје пристигна новиот Т-рок: со свеж дизајн, иновативни системи за помош и бројни дигитални содржини, Фолксваген ја продолжува успешната приказна на својот компактен кросовер модел, порачуваат од Порше Македонија.

 

Изострената надворешност го дефинира новиот изглед на Т-рок. Внатрешноста е рафинирана со висококвалитетни материјали, редизајниран инфозабавен систем и дигитален кокпит кој доаѓа сериски. Иновативната технологија од повисоките класи на возила сега е интегрирана во семејството на компактните кросовер модели.

Дизајнот на новиот Т-рок е изострен, односно повпечатлив. Предните ЛЕД светла се стандардни, а се нудат и матрикс фарови и осветлена лента на „лицето“, како и задни светла со нов графички изглед и динамичен трепкач.

Новиот Т-рок стандардно доаѓа со активни системи за помош кои овозможуваат повисоко ниво на удобност преку потпомогнато управување, сопирање и забрзување при брзини до 210 км/ч. Со интегрирање на сигналите од предната камера, како и ГПС и податоците од навигацијата, системот за контрола на возилото може да вклучи информации за локално ограничување на брзината, знаци за границите на градот, крстосници и кружни текови.

Под хаубата се достапни ТСИ и ТДИ моторите, 7-брзински ДСГ менувач и погонот на сите тркала 4моушн се нудат како опција.

Новиот Т-рок има два ТСИ и два ТДИ мотори за избор. Во зависност од избраниот погон, 6-брзински мануелен менувач или 7-брзински ДСГ ја пренесува силата на предната оска. Четирицилиндричните мотори даваат 150 КС од 1,5-литарскиот ТСИ мотор и 190 КС од 2,0-литарскиот ТСИ. Понудата е заокружена со два 2,0-литарски ТДИ четирицилиндрични мотори кои нудат моќност од 116 КС и 150 КС. Како алтернатива на погонот на предните тркала, погонот на сите тркала 4моушн во комбинација со дизел моторот од 150 КС обезбедува врвен пренос на моќноста, додека 2,0-литарскиот ТСИ со 190 КС е стандардно комбиниран со погонот на сите тркала.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе