Новиот фолксваген амарок пристигнува следната година, ќе се прави во Јужна Африка (ФОТО)

Фолксваген објави нов тизер за следната генерација на пикапот амарок, вклучувајќи скици на екстериерот и внатрешноста, и потврди дека камионетот ќе биде претставен во 2022 година со нова производна локација во Јужна Африка.

Целосно новиот амарок ќе ја дели основата со форд ренџер, но ќе има различен дизајн од него, со стилски детали типични за Фолксваген.

Во најновиот цртеж амарок е прикажан со специјални теренски гуми и дополнителна опрема на покривот, што е дел од кампањата Вилдернес фондејшн Африка (ВФА) за заштита на носорозите.

Инаку, моделот во заминување се користи уште од 2011 година во истата улога за зачувување на дивите животни во Јужна Африка.

Другата скица за првпат ја прикажува внатрешноста на новиот амарок. Сличноста со моделот ренџер на Форд е очигледна, пред се во големиот централен екран и дигиталната инструмент-табла, но има разлики меѓу кои воланот на Фолксваген и редизајнираната контролна табла со големи простори за ситници.

Фолксваген е горд на теренските способности на новиот амарок. Во компанијата истакнуваат и дека новата генерација ќе има „иновации кои не се видени во овој автомобилски сегмент“, како и „значително повеќе системи за помош на возачот“.

Новиот камионет на германскиот џин го развиле тимови од Австралија и Европа. За разлика од претходникот кој се произведуваше во Хановер во Германија, новиот амарок ќе се произведува во Силвертон во Јужна Африка, а ќе продолжи да се произведува и во Аргентина.

Продажбата ќе почне во Европа од крајот на 2022, а потоа и на другите пазари. Од дебито во 2010 година Фолксваген продаде повеќе од 800.000 примероци од амарок.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе