Новиот це-икс-50 на Мазда: вистински теренец или само шминка? (ФОТО+ВИДЕО)

Јапонската компанија го претстави моделот це-икс-50 како голем брат на нивниот бестселер, моделот це-икс-5, во истиот сегмент кросовери, но фокусот на новиот автомобил е на теренските предизвици.

 

Покрај новиот модел од Мазда стигна и информација дека од сега сите нивни кросовери ќе добијат погон на сите четири тркала во стандардната опрема во обидот да се издвојат како премиум марка.

Новиот це-икс-50 ќе се произведува во неодамна отворената фабрика на Мазда во Хантсвил во американска Алабама. Овој објект е заеднички потфат со Тојота, која таму го произведува моделот корола крос. Засега це-икс-50 е наменет исклучиво за американскиот пазар и не се знае дали моделот ќе дојде во Европа.

Кога це-икс-50 ќе стигне на американскиот пазар следната година ќе ги има истите погонски единици како и це-икс-5: стандардниот 2,5-литарски агрегат или опција со турбополнач во комбинација со шестбрзински автоматски менувач. Како што се наведува, во следните години це-икс-50 ќе добие неколку електрифицирани верзии, вклучувајќи и традиционален хибрид. Мазда ја истакна супериорната динамика на возење на овој модел на асфалтот, но сега повеќе внимание посветиле на теренските способности.

„Новиот автомобил на Мазда е развиен за Северна Америка, особено за активниот животен стил на купувачите во тој регион. Це-икс-50 ги мотивира луѓето да уживаат во природата без компромиси кои се однесуваат на премиум дизајнот и извонредните перформанси на асфалтираните патишта по кои Мазда е позната“, кажа Џеф Гујтон, извршниот директор на Мазда за Северна Америка.

Мазда го адаптираше својот дизајнерски јазик кодо за це-икс-50 повеќе да личи на теренец, а според компанијата, цената ќе биде соопштена кога ќе се наближи почетокот на продажбата. Стартот на производството се очекува во јануари следната година.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе