Новиот Ц3 еркрос на Ситроен пристигна во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Новиот ситроен Ц3 еркрос пристигна и е достапен за продажба со цена почнувајќи од 16.190 евра.

 

Ц3 еркрос созреа. Притоа не изгуби ништо од својата уникатност, туку напротив истата е унапредена, со што покажува понагласен карактер со нов преден лик, нови декорации во боја и зголемен комфор при патување. Удобен кросовер за активен животен стил: како дополнение на неговите обележја - модуларност, просторност и патничка кабина исполнета со светлина. Се карактеризира со подобрен комфор, со воведување на седиштата напреден комфор и корисни технологии за олеснување на секојдневието, вклучувајќи и поголем 9" екран на допир. Новиот Ц3 еркрос е позициониран во средиштето на Б сегментот кросовери со широка палета верзии за да одговори на очекувањата на потрошувачите, без разлика дали се приватни или правни лица.

Ц3 еркрос доби понаметлив дизајн на кросовер со голем волумен на силуетата кој се пренесува и во просторната внатрешност и доминантниот став на патот преку подигнато растојание од земјата, како и големите тркала. Неговата уникатност е нагласена со заштита на долниот дел на каросеријата и лакот на тркалата, заштита на подвозјето во предниот и заден дел, носачи на покривот со полни и дарежливи форми. При претставувањето, дизајнот и можностите за персонализација на Ц3 еркрос изразуваат чувство на пријатност и свежина. Денес, новиот Ц3 еркрос ја достигна својата зрелост. Зачувувајќи ја својата оригиналност и посебност, неговиот разигран став еволуира и моделот се здоби со понаметлив, зрел карактер, сразмерен со очекувањата во овој сегмент.

Новиот ситроен Ц3 еркрос има понаметлив дизајн со целосно редизајниран преден лик со кој се нагласува карактерот и статусот на моделот особено преку новиот светлосен потпис. Хромираните шеврони се надградени и се протегаат кон ЛЕД светлата, во духот на новите Ц3 и Ц4, но со помускулест пристап. ЛЕД светлата овозможуваат уште поголема видливост и безбедност, со што даваат чувство на поголема заштита. Ц3 еркрос располага и со нова решетка со комплетно нова геометриска шара и нова заштитна плоча за подвозјето со додатоци во боја, што ја нагласува робустноста на моделот. Новиот преден лик со подобрена структура дава впечаток на повисоко поставен капак на моторот. Изглед со посовремено чувство, поизразен и робустен.

Со цврстиот став и високо поставен хоризонтален капак на моторот, заедно со дарежливиот волумен и потенцирајќи го континуираниот застаклен дел од каросеријата, новиот Ц3 еркрос може да се пофали со наметлив изглед кој инстантно се истакнува во Б сегментот на кросовери.

Новиот кросовер Ц3 еркрос е достапен со палета ефикасни мотори со високи перформанси –бензински мотори пјуртек, како и дизел мотори блуХДи: пјуртек 110 со 6-брзински мануелен менувач, пјуртек 130 со автоматскиот менувач, блуХДи 100 со 6-брзински менувач и блуХДи 120 со автоматски менувач.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе